бара (гл.) - запалка (имн.)

Се ѕверев во ликот на Типот кој бараше запалка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ме фрлија мигум во лежалка на тивко крајбрежје, каде шумливите бранови го прелеваа сето она што Типот кој бараше запалка умееше да го каже.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Наминав до една продавничка која, како и типовите кои отпрвин бараат запалки а потоа си ги мијат рацете, знаеше да направи да се чувствуваш најаден, за прилично висока цена поради недостиг на конкуренција во зачмаената ноќна смена.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој негрижлив роднински гест ја запали цигарата во очите на Типот кој бараше запалка, па тој повлече длабоко и смело.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)