бара (гл.) - дозвола (имн.)

- А бе, Мила – се насмеав – ама ти е некој сон! Да знаеш ти какви јас неостварливи соништа имам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Или таа можеби не го знаеше она што веќе го знаеја нејзините врснички – дека момчињата одамна не бараат дозвола и дека таквото нивно однесување се вика спонтаност.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Посебно, според Мекдоналд, Видое Смилевски-Бато “не им дозволувал на членовите на мисијата да разговараат со селаните и дури им барал дозвола за влегување во земјата, која дозвола мисијата не ја поседувала“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кафтанџиските дуќани на Анто, Аџи-Томо и Димо, бараат дозвола за опрема на дуќаните...“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека јадевме во кујната, Мила рече: - Е, да знаеш, сон ми е да можам да вечерам кај тебе без да морам да барам дозвола од моите. Блазе си ти што тебе не ти забрануваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Моќ што умее да ги усогласи своите потреби, но, не бара дозвола за извршување...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)