бара (гл.) - виновник (имн.)

Ема не бараше виновник за нашето паѓање во замката што заеднички ја подготвувавме за другите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Чепкаат во тоа што го поминале по планињето, без престан ги бараат виновниците за изгубената рака, нога, големите лузни, за опустошените села и уништените куќи, за осакатените и загинатите, за изгазената верба и лажните ветувања, за удолницата што ни ја направија многу стрмна и по која сѐ уште не сопираме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ема не беше наивна за да не помисли дека сега други ни го спремаат истото, но за неа беше многу пострашно и поболно тоа што ние паднавме во замката што ја подготвувавме за другите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пред да заминам или почнам да врескам барајќи виновник за пациентското гето, вниманието ми го привлече ситен натпис на вратата од уредот: Лекарска читална.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Затоа тој секогаш само Неа ја обвинуваше, само во Неа го бараше виновникот за плимите и осеките што го растресуваа нивниот брак.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во тоа паѓање Авни е мала попатна станица која може и да не се забележи во приквечерината на твоето паметење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)