бара (гл.) - тебе (зам.)

Како тоа да беше нешто повеќе од ехото на неговиот сопствен глас што одеше во гредите, тој ги слушна зборовите, „Некој долу те бара тебе, Ден“.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Дошле некои комити, вели, чув те барале тебе... Реков: да ти кажам да се позакриеш, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Митко раскажуваше: - Те барав тебе по телефон. Ми се јадеше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
— Ќе најдиме чарето, ќе најдиме. Јас водам овдеки овчари за мерак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, е! Лели дојде сам, да не бараме тебе, ќе земиме и тебе на бајрам. Ќе дојдиш, нели?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Разбудена среде ноќта те барам тебе во дел од моето тело.... тебе, мирисот на убавина во твоите раце... не се раѓаат повеќе такви како нас... срцето ми кажува стихови за тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)