бара (гл.) - некого (зам.)

Се поздрави на грчки и праша: - Барате некого?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако не се може поинаку, вели, ако е преголема ихтиза, човекот ќе бара некого од спротивниот табор со кого има горе-долу муабет, и ќе го моли тој да оди во дуќанот да му купи, но овој самиот никако не оди.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа одеше претпазливо и разгледуваше горе-долу по лозјето, како да бара некого.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Барате некого? - му промрморе на преполнетото биро или само на отворената картотека. - Сакате да се видите со некого?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)