бара (гл.) - некаков (зам.)

Веројатно, еден од нив помисли дека барам некаква услуга и ми се втурна, прашајќи ме дали сум за портрет или карикатура. Беше Французин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Рака на срце тоа беше еден убав господин и бараше некаква Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да се ловеше: бараше некаква оправданост за да остане во овој град со најтемни и најзли крчми на светот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Бошко пак, кој го виде тоа уште од на дуќан, се растрча низ чаршија да ја рашири веста за маката на својот господар и да бара некаков совет, или помош.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Неколку пати шмркна, свртен кон ветерот, испитувајќи го воздухот, барајќи некаква посебна миризба во неговото студенило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Шефот на протоколот бездруго беше во тек со содржината на пораката, но бараше некаква потврда со која ќе ја потврдеше и мојата вредност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да бараше некаква помош од нив, потиснати меѓу книгите за јагулите и јаничарите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Наеднаш низ Петербург се раширија гласови дека кај Калинкиниот мост и многу подалеку почнал да се појавува ноќе еден мртовец со изглед на чиновник, кој бара некаков одземен шинел и кој, со изговор дека му е грабнат шинел, не обрнувајќи внимание ни на чинот ни на звањето, симнувал од рамената секакви шинели: и со крзно од фока и од дабар, прошиени со вата, бунди од енотово, лисичјо и мечкино крзно со еден збор, секаков вид крзна и кожи, какви што само измислиле луѓето да си ја прекријат својата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од сите страни непрестајно стигнуваа жалби дека грбовите и рамената не само, да речеме на титуларните, туку дури и на најтајните советници, им биле изложени на сигурна настинка поради ноќното одземање на шинелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)