бапне (гл.) - во (предл.)

Деверот на Богородица сака да им се развика, се завртува два три пати со сѐ дема, ама наместо глас, таа оти тешка, ќе му се откине од рацете и плеќите и ќе бапне во големиот вир пред првиот влез.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ја турна на кај огништето и уште малку за големо чудо ќе ја фрлеше во оганот; ја бапна во пепелта и се загна да си го милува Толето, кое веќе врескаше до зајдување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Валијата и пашата испратија големи потери по бегалците и не знаејќи кој е нивниот војвода, ќе почнат да се распрашуваат кај бабите по селата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Последен излезе и бапна во вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади од затворот и им ги спаси животите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во една таква шамата не ги ни чуја шлапкањата надвор по вировите, ама кога во влезот се растропаа котлиња кога некој не ги погоди басамаците и бапна во темницата, многу глави се свртеа кон влезот во просторијата на кој немаа ставено препрека.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)