четири (бр.) - ист (прид.)

Тој беше просто шокиран (зошто би бил, но, ете, беше) кога виде дека на поставената маса за ручек нема четири исти длабоки чинии, четвртата беше заменета со преостанатата од стариот сервис на чие место за Нова година беше купен нов.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој на душемето по прозорчето што глраше кон зајдисонцето, со дрвени клинови, имаше заковано четири летви и така направено трло со четири исти страни, ендезе и пол на еднезе и пол или четворно трло, како што подоцна Петре ни кажа како се викало она за кое имавме друг збор туку трло.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)