триесетина (бр.) - километар (имн.)

Раскажуваа носталгични војнички приказни за дома (како домовите да им беа на друг континент, а не само триесетина километри од нивните позиции), женетите за децата, неженетите за девојките, некој секогаш ги пцуеше политичарите, а тој најчесто молчеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште повисоко според надморската височина, е едно друго езеро, Преспанското, што го снабдува Охридското Езеро со половина од својата вода која се инфилтрира низ варовникот на планината и се појавува повторно, во изворите на Свети Наум или во дното на големото езеро, долго триесетина километри.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
КРАЛУПИ, тоа е еден од поголемите индустриски центри во Чешка, се наоѓа близу до Прага, на околу триесетина километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Манастирот со населбите има добри врски по суво и по вода со Подградец, кој е оддалечен само шест километри, додека за Охрид кој е оддалечен триесетина километри, има само коњска патека низ планината што ја видовме кога доаѓавме како изгледа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во сета таа ситуација имаше нешто лажно, некој привид, некоја шарада и му се чинеше дека сето тоа е само игра, само уште еден СВОЗ, а никако вистинска војна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Брзо ќе ги поминеме тие триесетина километри...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одлежа две години во логорот Нов човек, сместен на пустиот езерски остров, што се наоѓаше на триесетина километри од градот каде заедно израснаа со Александар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)