три (бр.) - чардак (имн.)

- Пеќи, честити царе, можам да ти наполнам три вреќи лаги - му рекло момчето - ама ако ми напраиш надвор од градот три чардаци и да даиш заповед по сите граѓани да се зберат кај чардаците, пред целио народ ќе ти 'и даам трите вреќи лаги.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На тоа згора, го послушал царот момчето и напраил три чардаци на едно широко место, та повикал сио град, мало - големо, да гледаат сите коа ќе му 'и дават трите вреќи со лаги момчето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тогај се качило на еднио чардак момчето и обесило една вреќа; се качило на вторио чардак и обесило другата вреќа; се качило на треќио чардак и обесило треќата вреќа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа избесило трите вреќи, застанало до првата вреќа и ја отворило устината од вреќата, та ја навртело откај целиот народ и се испраил просто, та почнал да кажуат како се сторило себепот за да му даит царот да пасит зајаци и сопрво дошле да му купуат зајак и ватил да им кажуат на народот: - Слушајте вамо, народ, јас што ќе ви кажам, да ме веруате - им рекол со висок глас - ама сакам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дале вик: - Лага е тоа, лага, лага е!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа чу народот тој збор од големците, сите му 'и потврдиле нивните зборои со едно силно викање: - Лага е тоа што кажуа момчето, лага е, лага е, лага е!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)