три (бр.) - ред (имн.)

Народните непријатели, под строгото око на народните одмаздници, како мене, нели, целото место околу вилите фино го оградија со плетена жица, висока едно две метра и повеќе и најгоре врзаа и два - три реда бодликава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во двете соби, од кои едната продолжуваше во ниша изделена со ламперија, беа сместени неколку ниски тапацирани столчиња и една табуретка, меѓу нив дрвена масичка, креденец со три реда рафтови, шкаф за облека, трпезариска маса со неколку високи столици, како и два железни кревета кои некогаш ги користеле чуварите од фабриката „Металски завод“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Веднаш зад влезот имаше три реда столови.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Само, треба да поминеш низ едно минско поле и, ако имаш среќа, те чекаат три реда бодликава жица, па десет метри висока ѕидина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Големата риба на небото со крлушки од ѕвезди и неизвесност, мекограда и со опаш зад стојбиштето на разбирливото, држела за забите во три реда парталав облак.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оџата кој раководеше со молитвите, тогаш ги подреди луѓето во три реда пред телото на умрениот, за да се молат за неговото спасение.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не може човек да ослабe ако јаде сендвич со три плескавици, два слоја кашкавал и три реда потпечени сланинчиња; можда и може, ако го залие со литар и пол Дајет Коук и го корегира со две–три Кит–Кет наполитанчиња.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Господи! И од таа страна се растовараа луѓе, дури уште поголема турканица се беше направила, а во очињата им се напика и една голема и убава куќа, два или три реда саутини под кои стоеја убави зеленикави вагони и вира народ на кај нив и од нив.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Денот помина вообичаено, со кафе, појадок и ручек, и со долги разговори на Пела со Мурџо во кои таа му кажуваше како стигнале до училиштето, за големиот број на дечиња како неа сите фатени за рацете од мајките и за големата училница со три реда клупи и во секоја клупа по две дечиња, Учителката убава убава убава, ти велам, и гласот мек, топол, како на баба Перса и на мама Пелагија, а мене ми личи на Богородица од црквата преку големата река!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Неодамна видов една картичка што ги определува координатите на сопственикот со три реда бројки: бројот на поштенскиот фах; телефонскиот број и E-mail адресата: John Miller 90210-5499 (212) 555 1212 100322, 9999 И додека во малите градови луѓето сè уште знаат каде живеете и можат да ве упатат ако барате некого (свртете десно зад амбарот...) основната конверзација денес се одвива околу начинот на кој се праќаат пораките од Compuserve, via Internet, до некој друг систем.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)