три (бр.) - нешто (имн.)

Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И оште: Ние се обврзјавме самоволно да ги подржаваме и поткрепјавме со слово, сос дело, сос помоштна рака и заплата речените ни Костадин Блаже Дамчев, претседателја на општината, Јосиф Оносим Акинов, учител ни, Хаџи Ташку, свештеник ни, за това и за сичко горереченото потврждавме като се потписавме сос своја рака.“
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој се присети дека уште три нешта не стигнал да направи: - да си ги бакне внучињата, - да ги полее розите во дворот, и - да му дотури масленце на кандилцето кое трепкаше спроти него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Три нешта видов: светлина, боја и музика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ете како лаже писмото, бедни, ете како е лажовна устата, превртлив јазикот, несигурно словото: дали се три нешта?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За сѐ што било непознато, тие знаеле дека е некоја смеса од овие три нешта”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
154 Во рамките на рубриката “Скопски раскази” објавуваме три нешта: еден суптилен и рафиниран расказ на “првиот македонски фантастичар”, г-динот Влада Урушевиќ; еден необичен дебитантски расказ на Веспа Демонковска, и, на крајот, дел од текстот “Одбрана и последни денови” на Александар Јерков.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сите тие три нешта се поврзани со нарцизмот, којшто сигурно е темелна претпоставка на секој книжевен чин, но не би смеел да биде и негов резултат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)