три (бр.) - димензија (имн.)

За фракталната геометрија да има смисла, нејзината форма и сложеност треба да се изразат со бројки слично како што Еуклидовата геометрија се изразува со поимите на триаголник, должина, површина, закривеност, или со поимите на една, две или три димензии.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со помош на трите најтиражни весници во Сан Франциско, на читателите им беа поделени 11,5 милиони 3D наочари, со едновремено известување кој ден и во кое време ќе биде проекцијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Чехословаците на изложбата предизвикаа големо интересирање со стерео-слики, каде што мртвата фотографија, прикажана во три димензии, оживуваше пред гледачот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во наведенето време сите заинтересирани имаа шанса да го видат новиот автомобил на Toyota, во големина која го покри целиот хоризонт на Сан Франциско, и тоа во три димензии!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исклучително успешна промоција со помош на оваа техника имаше една од верзиите на филмот Кинг Конг, онаа кога горилата ја носи Џесика Ланг во својата дланка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во таа смисла, еден евидентно анахрон концепт за тродимензионален простор кој е тнр. „база“ на медиумот „архитектура“ веќе не може да опстане во своите три димензии туку ги користи придобивките (кадрирање, суспенз, нарација...) на тнр. дводимензионален простор на филмот, на пример (кој, парадоксално, „со една димензија помалку“ - иако и таа се освојува со Виртуелната Реалност - се здоби со повеќе „реалистичко ткиво“, со повеќе „видливост“, да речеме, од множеството тродимензионалност што нѐ опкружува!), или, уште порадикално, архитектурата ќе мора да се соочи и со тнр. мултидимензионален концепт за простор на Хокинг (кора од портокал, како пример!), кој станува парадигма за „просторна ориентација“ на крајот на веков. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 11
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)