пет (бр.) - чекор (имн.)

Биди уверен, пријателе, дека патот ми беше познат: пет чекори до првиот басамак, дваесет и три крцкави ребра на скалите, девет чекори на лево до собата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Уште на пет чекори пред општината, а Дуче веќе чука со двете големи вретена на него: дангара, дамбара, дангара, дамбара, — мава Дуче колку што може и не може и знае дека далеку се слуша неговиот барабан, иако сам ништо ве може да слушне, бидејќи беше глув на двете уши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
РЕВШИН: Стрпете се. Само што јас се оддалечив на пет чекори, кога мене ме стаса лакејот на ресторанот со записка. Од него.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На пет чекори од чаркот над вертикалниот отвор, спиеја двајца гардисти.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)