пет (бр.) - секунда (имн.)

Во кујната силно вриеше некоја вода. Ја остави да врие пет секунди, а потоа со едната рака се фати за наслонот на столицата, стана, ја најде вратата и излезе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Пет секунди подоцна, додека срцето силно му тропаше, Винстон седеше на масата до девојката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Воодушевувањето траеше околу пет секунди и го направи непретпазлив и тој зачекори на тротоарот без претходно да ѕирне барем низ прозорецот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе поминат веројатно пет секунди пред стражарите да дотрчаат во ќелијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој беше само околу пет секунди во видното поле на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)