пет (бр.) - лира (имн.)

Ами свадба ли е со пет лири трошок?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој ќе чуе како ќе рече: „Тиии! Ами толку ли чурук била таа пуста жена, сиот трошок по неа фатил само пет лири!“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога Крсте два дена пред пазарот ѝ кажа оти татко му од десет лири не може да му даде повеќе, таа стана, отиде во земникот и му изнесе дваесет наполеони и пет лири и му ги врза (во едно крпче: — Земи, сторите арч со стрико ти Трајко, та за враќање — бидите живи, со Толето ќе се есапите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Бина му беа малку пет лири и ја изнесе работата дури до владиката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако дадеше педесет — ќе земеше десет вакви малихерки, а за петстотини — сто пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Видиш! ти за пет лири си добил убава малихерка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги дарува Толе децата кое две, кое три, кое пет лири и пак си наврте по колибите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па и петте лири секој сиромав и нема да и даде, ама за сето тоа мислат нашите големи глави и тиа ќе ни кажат шо требе и како требе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе пак, да се оправда и пред Трајка, и пред власта, се фати свети Јован со убавичката му женичка Митра, која исто насила му беше дадена на Трајка од нејзините роднини, бидејќи беше останата сирачиште уште од трите години, та уште на седумнаесетте му ја дадоа на стариот ерген Брлета за пет лири пари и десет овци да му ја отворат куќичката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арслан одброи пет лири настрана и му ги покажа со очите. * — Земи, Трајко, твојот пари и чини алав заметот што'собра овој другите, — па одброја уште пет и му ги подаде со рака: — На, земи овие пет лири аирпараси, врати по половина черек на селаните да не се правит некој ќедер на стоката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа во Градешница Толе кондиса кај убавата Неда Романова, со која проведе два три месеци, па како да се присети на својот случај со црното Кате пред дваесет години кога му го наметна Адем, и тој намисли да ги смести своите Катиња, Нешиња, Мариња, та еден ден ја викна Ѓурѓа Ватралкова, мајка на убавото момче Митрета Ватралков и ѝ нареди да ја земе Неда „негова“ за сина си Митрета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако се земе нешто несправедливо или ако се украде може штетата да се прошири и на другата стока и да се запусти сосема домаќинот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете а твоата помош на народот. Не само со тепање аги, ами и со друго се помагало“ — заврши Атанас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Женските бакнежи го разнежија и неговото арамиско срце, и тој, место осуда, и ги врати бакнежите двојно и тројно и ја испрати да си оди во Старавина, но со строга наредба да не му ги плаќа на Мушона прстењето и локумите со својата младост, ами со петте лири што и ги даде тој. Ho Толе не беше секогаш во Старавина за да биде крај Марија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога му пристапи Викторија, да му бакне рака, освен со низа флорини, стариот Карче ја дарува уште со пет лири одгоре... дајреџијата
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во ќесето на Глигор се останати пет лири, со нив Едип може да стори чудо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Најдовме еден чунџија, што префрлаше. Ни побара по пет лири на човек. Се согласивме.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие пет лири беа тежок аманет. И пратени за среќа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не ги додржа солзите дури на крајот кога човекот ја извади петолирката и ѝ рече: - А овие пет лири аманет ти се за среќа на Трајанка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)