пет (бр.) - илјада (имн.)

Се зачудив. Владе ги знаеше и цифрите. „Пет илјади“, повтори тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Државната каса му останала должна многу пари“. „Пет илјади наполеони“, рече Владе
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Под еден чемпрес... Не под еден чемпрес – Чемпресот живее само пет илјади години!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
„Можеби стотина“, рече Филозофот. „Во нашата библиотека има пет илјади“, рече цинично отец Стефан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Си реков: дваесет и пет илјади глави само од скопско, ами и од другите нахии речиси по толку?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во февруари 1941 година околу пет илјади Македонци се повлечени од фронтот и испратени во логори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука го чекавме противникот само со своето пешадиско оружје, неколкуте ридски топови со само сѐ на сѐ пет илјади топовски гранати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Штом помина таа тешка ноќ, Жаклин дојде и ми донесе пет илјади, точно колку да не бидам идфрлен од своето сопче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И пет илјади дни ќе минат таа болка не минува, пет илјади оки, е мала тежина.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Пет илјади милји да изминеш и пак да се вратиш, ти ни тогаш нема да сфатиш... веќе вредност немаш.. јас сфатив кој си...пет илјади пати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Пет илјади причини за да речам: „Јас знам ти кој си“. Пет илјади далечини на обзорје златни не се, само парични банкноти.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Пет илјади причини барав за да откријам дека така не е.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Доста ми е: сум протерал преку глава дваесет и пет илјади денови, па зар сега да се мачам и да пекам за уште, и тоа за јадовни, тегоби?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)