пет (бр.) - дело (имн.)

Во првиот дел на концертот беа изведени пет композиции од првиот, тн. егзорцистички период помеѓу 1980 и 1983; Nova Akro- pola, Krvava gruda - plodna zemlja, Smrt za smrt, Vade retro Satanas и Država.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во вториот дел имаше пет дела на Лајбах од нивниот „забранет период“ од 1984-та, кога во љубљанската сала Малчи Белич отсвиреа еден анонимен концерт кој деновиве ќе излезе како документарен цеде за Dallas/Mute Records.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Посебен, поинаков и посамосвоен облик на театар претставуваа различните форми на наслојување на повеќе поединечни, самостојни дела поврзани со некој заеднички елемент на структурата (најчесто со ритмот).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Паралелно со реализација на делата по новите принципи, Кејџ ги продлабочуваше и разработуваше порано започнатите концепти, а како резултат на тоа настануваше серија дела со заедничко име.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во петте дела кои можат да се наслојуваат: 31’ 57.9864’’ и 34’ 46. 776’’, двете за пијанист, 26’ 11. 499’’ за гудач, 27’ 10. 554’’ за тапанар и 45’ за говорник (броевите во насловот на делото го означуваат неговото траење во минути и секунди), Кејџ користи заедничка структура при организација на времето изедначувајќи го текстот што го чита говорникот со музичката композиција (текстот поседува освен вербални, и фонетски и гестикулирачки квалитети).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)