единаесетти (бр.) - кат (имн.)

Нели кучињата не можат да влезат низ прозорецот на единаесетти кат?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Така, У мораше да ги користи скалите за да се искачи до својот стан на единаесеттиот кат.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога велам - вистинска опасност, мислам на тоа дека ние живееме на единаесетти кат, па замислете како би можела да заврши мојата радост да не се контролирав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- И ми се случи, ама сè добро помина – реков и пак се расплакав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Од мама ќе скријам, - си ветив, - таа сигурно ќе ми се изразвика и ќе ми забрани другпат да учествувам во такви гужви, - си мислев, возејќи се кон единаесеттиот кат на којшто живеам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да знаеш, да ти се случеше нешто страшно, ќе се фрлев од единаесетти кат – се растрепери сиот и уште посилно ме прегрна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)