еден (бр.) - капка (имн.)

Толку не 'а милуала, што да беше кабил во една капка вода да 'а удаи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но Том, забележувајќи ја нестабилноста на раката на Даниел, го грабна шишето и ја наполни чашката со својата вообичаена прецизност, без да истури ниту една капка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На запад ни една капка бакар, ни еден лимонов водоскок.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не еднаш Русија ни има речено оти таа не ќе пролее ни една капка крв и не ќе ни даде ни најмала материјална помош ако ние Македонците подигнеме востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само две раце имам и едно исушено тело чекање: Илјаден да сум - мал да не сум за една капка тебе Македонија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)