десетина (бр.) - пат (имн.)

Винстон го имаше видено О'Брајан можеби десетина пати во речиси исто толку години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, според старата добра навика, примена од деда си, се спушти прво до поточето што гргореше на дваесетина чекори под колибата, од нејзината југоисточна страна, и десетина пати се плисна по лицето со студена вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги повторувала шепотно молитвите калуѓерката по десетина пати на ден и по триж толку пати на сведен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Значи сте од Македонија? – го почна разговорот домаќинот. – Јас таму сум бил едно десетина пати. За трговија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Си се насмеав на досетливоста и, среќен се вратив назад. Така сторив десетина пати.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)