десет (бр.) - метар (имн.)

Само, треба да поминеш низ едно минско поле и, ако имаш среќа, те чекаат три реда бодликава жица, па десет метри висока ѕидина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Идат пак лиферантите, проматарите: - Го искачиле уште десет метри топот, велат, Германците го искачиле уште десет метри, погоре, топот. Ако го искачат до врвот, ништо не ќе се види, велат, ни од вас ни од нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една фигура во сина униформа доаѓаше по тротоарот, ни десет метри од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој брзаше со смрзнати раце и со насолзени очи кога ја здогледа на околу десет метри од себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и оние за кои не би помислил дека можат да издржат трчајќи десет метри, сега бркаат некој бизнис.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
По пет и осум редови дебели букови и борови трупци долги до десет метри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)