две (бр.) - заедно (прил.)

Потоа ја одложи кариерата за да ме чува мене, па сестра ми, па двете заедно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Влегоа и двете заедно и застанаа на сред куќа. — Еве а бре, Крчо, еве а. Откога а дотерам со стражар.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Двете сестри имаа план кога и каде ќе се најдат повторно, за да се вратат дома двете заедно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Јас ѝ ветив дека ќе објавиме книга. Ние двете заедно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Силна волја. Чија, моја или твоја!? Се надевам, двете заедно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)