две (бр.) - педа (имн.)

Појдовме кај Пена на Танаско да призниме како се имаат сместено и снегот нè начека на сред плоштад и како што паѓа пороен дожд, така се истури одеднаш снегот. Ѝ кажа дека додека стигнале пред Фестивална снегот нагнетил скоро две педи, а и тоа дека одвај ја пронашле Пена на Танаско оти котарче си заградиле меѓу два ѕида од надворешната страна на Фестивална.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Две педи јаже, ни може да мрдне, ни може да гледа. (Пауза) Цело време мислев не може тоа да се случи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Вратичката од жица беше само една или две педи од неговото лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само на две педи од неговите очи се рони земјата, дебелата преграда зад која го чека триумфот на постигањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)