две (бр.) - мајка (имн.)

Две жени - две мајки... Од нивните очи зрачи и блика длабока размисла за судбината на рожбите и страв и исчекување и огромната и насушната желба чедата да се живи и здрави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За неа Дончо на Чана како да ѝ беше братче, го викаше Големиот Бато, не се ни обидуваше да сфати дека не е возможно деца од две мајки да бидат брат и сестра.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
АНТИЦА: (преку песна). Тешко мене на двете мајки без тебе!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
3. КРОТКОТО ЈАГНЕ ОД ДВЕ МАЈКИ ЦИЦА - со тоа чие лицемерие се дефинира како поим?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Рече со растреперен глас Момите два пати се благословени - со две мајки и со двајца татковци! а немо продолжи во себе Прости ми, изумив дека одамна Роса ви е и мајка и татко!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се присети и на онаа приказна од светите книги во која судијата ќе пресуди детето (за кое секоја од двете мајки тврдеше дека е нејзино) да биде располовено на еднакви делови бидејќи немал доволно аргументи која е вистинската мајка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)