две (бр.) - дама (имн.)

- Еве, јас пред овие две дами ти ветувам дека во најскоро време ќе ти овозможам јавно музичко претставување, - рече Саво.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакам три овали мешана скара, три шишиња шампањско, од кои еден овал и едно шампањско ќе сервирате на масата кај оние две дами отспротива.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Слегов по едни скали длабоко надолу и застанав пред мала рецепција пред која, во излижани фотелји од скај, седеа две дами, две од ноќните птици на квартот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од другата страна на калдрмата, до двете дами се најде еден млад човек, не постар од 22-3 години, убаво облечен со лесен, едноставен нагрнат мантил, со темно сив шешир на главата, прекрасни големи, продорни очи и убав лик.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Добро! Ја прифаќаме понудата, - речиси во еден глас потврдија двете дами.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)