две (бр.) - војска (имн.)

Тетин ти Боге прикажуваше, не знам колку му држи тоа, оти нему многу работи не му држат, дека се случувало и долу, на фронтот на Црна, во времето на големата војна, трубите во исто време и кај двете војски да засвират починка па војниците од двата табора да го фрлат оружјето и облеката по грмушките и по рововите, едните од едната другите од другата страна на реката, и да се затрчаат кон водата, како во најголемите јуриши, кој прв ќе ја освои .
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И на двете војски овие пци им сториле абер, но ајде да поразмислиме малку што да правиме, — предложи тој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога животот, во долгиот балкански егзил, нè соочуваше со брзи и судбински решенија, Мајка ги донесуваше одлуките, оставена сама во воените траншеја помеѓу две војски, пред празните чинии на своите чеда, во времето на големата немаштија, верувајќи, надевајќи се дека Татко е со неа, го гради патот на мислите кој води до спасот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Врвот на стапчето, со кое генералот ги покажуваше на картата позициите на двете војски, се задржа на крајниот северен дел од тесниот простор, на кој беа концентрирани силите на ДАГ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оние пак кои веруваа дека записот е во врска со царот Јудејски, Соломон, поделени на две војски беа: некои записот го сврзуваа со богоугодниот, а некои со развратниот дел од животот на пресветлиот Соломон, оти, кажано е за него, во книгата Сирахова: „Соломон се зацари во мирни дни, зашто Бог од сите страни мир му подари, за да изгради дом на името Негово и да подигне светилиште вечно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)