две-три (бр.) - минута (имн.)

Има секогаш четири учесници (и од Универзитетот) и на крајот од емисијата, секој за две-три минути накратко изложува (отаде зборот накратко кој повторно ќе го нагласам) некоја состојба којашто особено го обележала или содржина на книга која би сакал да им ја препорача на слушателите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Диме се здрви. Остана така две-три минути.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Деца, вие пукате од здравје и енергија и доколку мирувате две-три минути ви се пали скрин сејверот на кој нема никаква порака!
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Нивниот разговор траеше најмногу две-три минути.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Единствени се на станицата на која автобусите обично запираат на секои две-три минути, но сега, под интензивните врнежи со повремени грмежи, не се појавува ниедно јавно превозно средство, макар било бордо, цинобер или на три тркала.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сите овие народи се претставени како една голема салата и по распадот на Југославија и војната на Косово, кои повторно ги реактуализираа, се слуша често како се вели дека се работи за дивјаци кои би требало да се остават меѓусебно да се истребат зашто за тоа се создадени.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)