две-три (бр.) - стотина (бр.)

Не помалку изненадување претставува големата изложба на книги, организирана во една огромна изложбена зграда, на пет ката, каде што на штандовите имаше прикажано над две-три стотини илјади разни книги, книжевен фонд каков што би посакала ода има секоја позначајна библиотека во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во ова време на другата страна на мостот, високо над карпите, во тесното магарешко патче беа веќе наместени на своите метерзи две-три стотини вооружени Мариовци, меѓу кои и Анѓа со Стојана зад еден голем камен најгоре на пусијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Горе над наследбата, на зарамнетото на Горник само на две-три стотини метра јужно од Извориште, жителите на Потковицата засноваа гробишта, се обидоа да подигнат и црква.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го остави северниот крај слободен, не за да го пушти Толета да избега, ами да му го поттера на оние јузбашии, што исто така ноќта ја навртеа војската на дветри стотини метра до селцето и залегнаа на пусија во густите смреки и грмушки од Никулица, Нежилово и Клен за да го дочекаат скриени зад карпите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку вадиш ти сега - докрај две-три стотини килограми, така?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но Толе по својот обичај само нареди побргу да се готви јадењето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мало е ова лозје и запустено - две-три стотини пењушки, како случајно поникнати.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)