двајца (бр.) - назад (прил.)

Го расцепуваше снегот напред, често пати и со гневни чекори, знаејќи постојано дека никогаш уште еднаш никој не ќе може да смисли за него такви луѓе, со кои би можел помалку да разговара, од оние двајца назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Двајца италијански војници, со ножеви на пушките, одеа напред, а двајца назад.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Секогаш сакаше да избрза напред и дури кога ќе се оддалечеше од оние двајца назад можеше да биде задоволен што е сам во таа неразгазена белина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)