двајца (бр.) - заптија (имн.)

Но дали од што се удри при паѓањето, или се престраши да не почне сега и да го тепа, тики се развика божем тој го турнал и за час дворот се наполни со луѓе, а меѓу нив и двајца заптии, па нему не му остана ништо друго туку да избега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само така ќе го измие срамот што го насобра кога како зајак бегаше од едни двајца заптии, кои не му беа ни до појас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се обидоа двајца заптии да го прескочат ѕитчето и да им се доближат до прозорчето, но паднаа смртно погодени од двете манлихерки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аха! тебе те бараме, стара кумито, ти ли си шо и машниш пците на царцкиот аскер, а и раниш' арамиите? — проговори едниот и му се заврте на онбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе ги држиме сардисани дури да ги изгорат фишеците, па око не се теслимат, тогаш ќе им влеземе и живи ќе ги фатиме, или најпосле, ќе запалиме куќава и бити вајде — донесоа решение заповедниците, а веќе и самиот бимбашија од кашлата пристигна со целиот табур војска од пет шестотини души.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Околу чешмичето седеа десет дванаесет војници со еден онбашија, двајца заптии и двајца витоливци во селски алишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред вратата, вооружени, стоеја двајца заптии56) и тројца финансиски агенти- колџии.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ќе ми пратиш двајца заптии да ме придружуваат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога селанецот се доближи до стражата, еден од заптиите извика: - Стој, бре ѓаур! Дај да видам што носиш во кошницата!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Можете и без придружба! - рече командирот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И сите знаеле дека Онисифор Проказник не го сака во тајфата, не зашто бил во работните дни песнопоец, никако заради тоа, туку зашто патем можел да стане товар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без да се дознае што еднаш на друм бил тепан од двајца заптии, несреќникот понекогаш ноќе, додека умните и живите седеле зад замандалени врати, одел по селото и замавнувал со вила кон пците и сенките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)