двајца (бр.) - почне (гл.)

— Да ви се ногу години, ефендилер, — проговори Трајко и со длабок поклон ги поздрави двајцата султанови служители, сиот затресен од возбуда, знаејќи дека не го вика мудурот за добро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иван Точко (био-библиографски преглед)
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
— Сега ќе разбереме сѐ што ни треба, — му се обрна мудурот на јузбашијата и двајцата почнаа да кројат планови како ќе се заштитат при евентуален напад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Седна и Павле. Миг-два се гледаа смолчани. Потоа и двајцата почнаа слатко да се смеат...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На Кулета и Андона оваа им беше прва работа од ваков вид и затоа на двајцата почнаа да им бијат силно срцата, а вилиците да им се тресат та забите почнаа да им штракаат, небарем замрзнаа од студ во топлата пролетна вечер Толе ги теши со шепот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)