дванаесет (бр.) - месец (имн.)

Од друга страна, на насловната страна на делото “Mundus subter- raneus”, се прикажува светот како топка со која управува раката на господ и која се врти со помош на здивот од дванаесет луѓе, на кои им одговараат дванаесетте месеци во годината или пак, знаците на хороскопот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Гледам: куќичка, лозје, во преден план лозница со натежнати гроздови... во заден план жолта корија... најобичен септемвриски пејзаж, од најобичен календар - со дванаесет месеци, за секој месец соодветен пејзаж...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Попе, не лекувај го со вино, му се сторило дека бегот подвибно вика по него, но тој по неколку седмици, ослободен од велигденските пости сит и напиен, видел дека ждребето е нападното од коњска треска го назобал со трици и го ожеднел и потоа го напоил со зашеќерено вино во кое замешал грст суви тревки и млад, дванаесет месеци сушен пелин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)