два (бр.) - смисла (имн.)

7 ТЕМА раниот Томас Пинчон Иако расказаот “Small Rain” веројатно е најлошиот во збирката рани раскази “Slow Learner” (која неодамна - со исклучок токму на расказов кој сега го пренесуваме - се појави, на македонски, во издание на Темплум), вреди внимателно да се прочита, од неколку причини; прво, станува збор за Томас Пинчон, можеби најхерметичниот но секако највлијателниот американски писател во вторава половина на веков, авторот на романот “Gravity’s Rainbow”, еден од најтолкуваните романи по Џојсовиот “Улис”; второ (кое сигурно треба да биде прво), и покрај сите недостатоци (кои Пинчон самиот, во уводникот за книгата објавена 1984., безмилосно ги лови), се работи за исклучителна проза, проткаена со суптилни лирски пасажи и просто натопена во онаа веќе славна “пинчоновска атмосфера”, која тој, сликарски, со пар цртички, едновремено минуциозно и ноншалантно, ја создава; трето, длабочините и ранливоста на моментно најмоќната културна империја, американската, најдобро може да се разбере токму од онаа критична (критична и во двата смисла - и како “критичарска”, опсерваторска, и како нестабилна, несигурна за оној што набљудува) страна каде што стои Пинчон (вршејќи големо влијание врз онаа “лева”, нешовинистичка Америка); и четврто, не само затоа што е веројатно најголемиот американски писател во поново време (со само пет објавени книги за 35 години творештво!), туку (дури!) и поради едноставни трендовски причини (враќање кон шеесетите, grunge-движењето, види го последниот текст во “Маргина”!), Пинчон се наоѓа токму овде, токму сега и токму со овој избор... 8 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
-, дури и кога ќе почне физичкото злоставување, дури и тогаш ќе постои она што се нарекува сингуларитет и отпор, сеедно каде е манипулациското тежиште и сеедно колку дуелот во суштина е нерамноправен, и во двата смисла; повторувам, сметајте го ова како еден залажувачки нацрт- итинерер, како мешаница од траги, како еден пародичен хумор, како, најпосле, симулација на борба, бидејќи тие веќе почнуваат да млатат (синхроно, бидејќи индивидуализмот, пак, за нив, е најстрашното нешто и затоа повеќе ја преферираат снајперската безобличност и тој тип на потпис, егзекутирање од дистанца, речиси без џелат, сѐ во какофонија, метеж и хаос од удари), најдобар пример е проширувањето на кампањата против Сорос кој, сакал- не сакал, можеби неправедно и пренадуено но ете, тоа му го сторија наци-социјалистите од сите бои, од Будимпешта преку Загреб и Београд па сега и во Скопје - стана симбол на просветеност и цивилизираност, едно светленце надеж среде овие страшни ветрометини каде цели класи и нации исчезнуваат преку ноќ, среде целава оваа безнадежност. 6 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)