два (бр.) - прозорец (имн.)

Му ги покажа со поткревање на главата двата прозорци на аголот над авлијата, едниот што гледаше кон улицата и другиот кон дворот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
ЗАФИР: Се разбравме, побратиме...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
(Пред Јордановата куќа. Напред улица, во дното сокаче. Долу вратниче, горе два прозорци.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во дното двокрилна врата и два прозорци, низ кои се гледа дворот сиот во зеленило.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Лево врата за соба, десно два прозорци, кои гледаат на улица.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Лена се сместила во собата горе десно со двата прозорци што гледаат кон езерото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Значи, на горниот кат напред има по два прозорци лево и десно од балкончето, а по два прозорци исто така на долниот кат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во дното од собата два прозорци со завеси, меѓу нив огледало украсено со свилена шамија; лево огниште, а горе наоколу завеса, а десно е подреден чеизот од невестата: ковчег со над него поредени килим, постела, јорган и најзгоре перници.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Одајата е наместена мошне арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма; назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат изглед на плисиран полукруг.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)