два (бр.) - брег (имн.)

Скопските раскази немаат претензија да бидат сеопфатен приказ на сите раскази воопшто, напишани во чест на градот под скопското Кале, кој лирски тивко пулсира со своите мали сништа на двата брега од реката Вардар, а веројатно нема да го понесат ни епитетот „прв” и „единствен” проект од ваков тип.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во гратчето го нарекоа Луда Мара, зашто знаеше и да им ги поплави дуќаните на занаетчиите и магазините на трговците, во чаршијата на двата брега од реката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа не му го забораваат на двете страни од езерската граница. На двата брега од Езерото.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа ги разделува двата брега, двете куќи, двете деца цели пет месеци.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Низ долината тече река. Таа ја сече месноста на две половини: лева и десна. Го дели овој мал свет на два брега.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А на двата брега, сосем близу до водата, растат тополи и врби.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кога ќе пораснат тие ќе знаат да изградат и голем мост преку реката па двата брега да станат еден.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа го наведува да дојде до самиот раб и загледаниот паѓа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш некој од брегот на нормалноста толку силно се загледува во себе и во бездната меѓу двата брега, па не може да го оттргне погледот од нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓу двата брега не постои мост, а сепак некои луѓе преминуваат од едниот на другиот брег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако не гинат во бездната, тие сепак минуваат низ смрт – да се премине од брегот на лудилото на брегот на нормалноста, или од брегот на нормалноста на брегот на лудилото, е исто што и да се премине од еден во друг свет. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да проговорам токму за јавното читање ми даде повод проектот на „Театарот на двата брега“ во Руан, Франција.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Колку повеќе копал, толку повеќе се откривале ѕидините.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ИЛИОВО Недалеку од градот Делчево, расфрлено на двата брега на реката Брегалница, се наоѓа селото Илиово.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Минувајќи по тоа место, му се допаднало и решил да изгради куќа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Иако носеа исто име, секој од жителите на двата брега за себе мислеше дека е помудар од другиот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Струга, Езерото, Свети Наум, двата брега на Езерото, две мои татковини во една, беа историја на еден друг егзил, за кој му раскажував на мојот палестински врсник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми беше блиска оваа поетика на егзилот на Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Геометријата на мојот егзил беше многу поедноставна, поразбирлива и поприфатлива.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во времињата кога беснееше фашизмот на двата брега на Езерото, останувајќи на некаква позитивна и спасоносна дистанца од режимите, Татко се нафати да ја врши адвокатската дејност. Се спасуваше, го спасуваше семејството бранејќи некој од некого.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сѐ се случуваше на двата брега на Езерото поделени со граница, која со текот на времето требаше да ја изгуби смислата во обединета Европа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Утредента низ Латинскиот кварт, минувајќи преку мостот Мишел, близу Сена, во чија перспектива на двата брега се гледаа отворените кутии на букинистите, минуваше едно жолто камионче во кое беа книгите на Климент Камилски, а зад нив се движеше колата на Сотир Паскали со Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Маестралното здание на Театарот контрастираше со архаичното дрвено мовче, познато како Еврејски мост, што некогаш ги поврзуваше најстарите еврејски доселеници на двата брега на реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред повеќе од пет века се изложуваат книгите на двата брега на Сена.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски не му зборуваше на Татко толку за операцијата на очите, колку за можноста да купи во Париз нови книги, особено кај незаобиколните букинисти на двата брега на реката Сена.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во просторот тежеше меморијата на отсутните.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Надојдени матни води урнувале мост помеѓу два брега. Така и се случило Кара-Демир попаднал во некој дервишки ред да се боде со клинци и големи игли со диви молитви, како да се казнува за предавство кон исламот или кон долгогодишното пријателство.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Збирки: "Меѓу двата брега" - "Култура", 1957 г., "Крај тешките води" - "Кочо Рацин", 1962 г., "Поле, под него морето" - "Кочо Рацин", 1966 г., "Отимања" - "Мисла", 1969 г., "Вистини и сништа" - "Мисла", 1970 г., "Судба сончогледова" - ЗИД "Нова Македонија", 1971 година ...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Спои овој мост два брега нашето небидие - и нас.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
3. Два брега - двата стрмнини.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Таа гранична линија никогаш не успевавме вистински да ја видиме, еднаш беше под водата во Езерото, друг пат на планинските сртови, па во позлатените житни полиња, помеѓу двата брега на реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Според неа, она што таа го нарекува соголена душа е сенката која талка помеѓу двата брега на егзистенцијата, помеѓу мртвото минато и неизвесната иднина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Посебно го импресионираше тоа што Кабалата ја споменуваше како „оголена душа”, како сенка која талка помеѓу двата брега, помеѓу мртвото минато и неизвесната иднина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Песната ја следеа, тивко ја прифаќаа и Игор Лозински и Цветан Горски. Среќата, никогаш со толку различни песни, со песни од двата брега на Езерото, не беше влегла во оваа куќа...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И би чудо. На почетокот сталинизмот ја крена границата меѓу двете братски социјалистички земји, на двата брега на Езерото, а сега тој таа граница ја зајакнуваше, ја правеше најнепроодна во Европа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Границата, која Татка го делеше од своите на едночасовен лет на птица, ги оддалечи луѓето од двата брега на Езерото, небаре на растојание на две планети.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Морал да се прекине семејниот сон помеѓу двата брега на морето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
13. Пресушија водите и во таа пустина стојат осамени два брега како два маченика во дамнината.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ова утро, според информациите од медиумите, се дознава дека ноќта била мирна на ридовите над Тетово.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И потоа, се разбира, моите мисли се пренесоа на вашиот текст од Татковите книги, во кој пишувате за престојот на вашиот татко во Истанбул додека бил студент и за неговите долги прошетки крај кејовите на двата брега, азискиот и европскиот, во потрага по конечниот за да фрли сидро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Ме обзеде необична мисла: дали Патрик Крисман не го зел псевдонимот Клеман дИсартеги не можејќи да се определи за Климент Охридски со што би го задржал чувството на еднаква благонаклонетост и заштита на двата брега на езерото, албанскиот и македонскиот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе заборавев: пред пет дена добив картичка од вас во која се претставени двата брега, албанскиот и македонскиот, на Охридското Езеро со поглед на Поградец, што вие сте ми ја напишале на 18 декември 2000 година!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На двата брега на егзилот!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа ги разделува двата брега, двете куќи, двете деца цели пет месеци.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога ќе пораснат тие ќе знаат да изградат и голем мост преку реката па двата брега да станат еден.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А на двата брега, сосем близу до водата, растат тополи и врби.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Низ долината тече река. Таа ја сече месноста на две половини: лева и десна. Го дели овој мал свет на два брега.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)