втор (бр.) - план (имн.)

Симан, несомнено, свесно ја жртвувал оваа идеја на Бојс врз која Рајтман до бесконечност критикува без воопшто, се чини, да забележи дека таа е константно проткаена со идеологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Едноставно забележувам дека наспроти еден ваков Бојс нема што повеќе ниту да се каже, ниту да се противречи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Аргументите што ги изложив неодамна против идеите на Бојс (1) и од коишто денес многу малку би одзела, сами од себе се распаѓаат во мигот кога тие идеи се потиснати во втор план (како да се работи за грешки од младоста?) и кога во прв план испливува грижата за јасноста на делото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но партиската дисциплина му го ставаше срцето во втор план.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко му нагласи дека е најбитна операцијата на очите, додека книгите се на втор план, за нив секогаш ќе има време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Добро го разбираше и му се восхитуваше на неговата виталност, но не можеше да разбере зошто операцијата ја ставаше во втор план.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во седумдесеттите и осумдесеттите години, бидејќи поштата сè повеќе служи за испраќање на аудио и видео касети, на компјутерски програми, каталози и разни публикации, нејзината медиска компонента полека доаѓа во втор план во уметноста, а сè позначајна станува самата мејл-арт мрежа и нејзините учесници.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој поглед не беше во склад со нејзините очи, секогаш исполнети со љубезност и топлина упатени кон соговорникот, но ваквиот впечаток избиваше од втор план, од зад очите, и во тоа Ема насети во дамата друг човек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во втор план се гледаат два гулаби летнати во воздухот токму над главата од Богдан и Марија како божји дух; Богдан има мали, тенки мустаќи, убаво дотерани.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На крајот од дворот, во втор план, се гледа полското але направено од штици над ендекот што ги дели двата двора од куќите на зетот и невестата: Богдан и Видуша.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Посебно кога велите дека Албанците ја ставале религијата на втор план, а албанскиот идентитет на прв.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само ќе ги ставам во втор план извесно време.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа воопшто се наоѓа на втор план. 168 Margina #17-18 [1995] | okno.mk ЉУБА: Пробај, пробај.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во овој период за таквиот негов однос големо влијание имале изолационистите, во чии редови се наоѓале главно Американци од германско, ирско и скандинавско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Помалите држави обично имаа легации (претставништва) на чело со т.н. министер или конзули (кои биле задолжени за економските интереси). 10 The Foreign Relation of the United States scries, во нив нема голем број документи коишто се однесуваат на американската политика спрема македонското прашање. 11 Термин од меѓувоениот период со којшто се означувал регион каде што судирите и насилството биле вообичаени, сиромаштијата била правило и каде што населението напросто не било подготвено за западните идеали на политичката култура: регион во којшто „ориенталниот“ карактер на Турците ги одзел европските вредности. 14 Во својот втор претседателски мандат (1937-1941), Франклин Делано Рузвелт поголем дел од својата државничка дејност ја посветил на внатрешната политика, а интересот за надворешната политика бил во втор план.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Желбите и „правото“ на малите држави било ставено во втор план.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Најверојатно сега пријателството оди на втор план.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Додека првично книгата овозможува подобро да се разбере минатото (но и сегашноста) на вашата земја и Балканот, историјата која тотално ми беше непозната, на втор план, е параболата која се развива за иднината на народите во периоди на трансформации, а може да се однесува и на целото човештво.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку и да се сакаше, по отворањето на земјата и десталинизацијата, козјото прашање, нецелосната и неуспешна колективизација, да се потиснат на втор план, особено по раскинот помеѓу Тито и Сталин, со исклучувањето на Југославија од источниот лагер, со свртувањето кон Запад, во земјата позачестено доаѓаа новинари за да видат што се случувало зад „железната завеса”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И јас, на почетокот, како да го наследив, по некаква неразбирлива инерција во животот, истиот несвесен однос кон Мајка кој се негуваше во семејството, таа да биде, според сопствениот избор, некако на втор план.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)