втор (бр.) - категорија (имн.)

Иако, при измените на законите има и одредено подобрување на работничките права, сепак соодносот на позитивните и негативните промени е далеку на страната на втората категорија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Втората категорија луѓе се оние кои ги нарекувам газолижачи, упикувачи или стручно кажано анални спелеолози.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
а) Најповолните промени, но од гледна точка на работодавачите, беа донесени во 1995 година, кога сите предвидени казни за нив беа поделени во две категории: (1) казната за кршење на одредбите наброени во чл. 145 од ЗРО/93 – беше од 50 до 100 просечни плати; (2) за кршење на оние наброени во чл. 146 – изнесуваше од 40 до 90 плати: •  со измените од 1995, казната за првата категорија беше намалена на осум до 18 плати, а за кршењето на втората категорија – на шест до 18 плати (чл. 6-7, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Јаков не одговори.  Со зимата и првите студови, стигна и гласот дека почнува примената на бугарскиот закон за заштита на нацијата, со кој Евреите беа прогласени за граѓани од втора категорија.  Јаков потстана во постелата зашто со светлината што допираше однадвор се слушаше и гласот на шамашот6 кој потсетуваше дека е Ханука7, празникот на светлината.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Самиот Џон, ете, спаѓал во втората категорија: јасно предочил дека себеси се сметал за мажествен геј-маж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Никогаш не сум биле во ситуација да припаѓам кон втората категорија. 21 февруари Утрово, татко ти, сосема обично, ми кажа дека сум згрешила во датата на твојот роденден: - „Зарем не се сеќаваш дека е роден во есен, кон крајот на септември“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Луј Фердинанд Селин ги подели луѓето во две категории, егзибиционисти и воајери; очигледно е дека Алфред Хичкок спаѓа во втората категорија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Милиот ми баџанак, на пример, успешно се пласира во втората категорија.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)