ќумбе ср.

ќумбе (ср.)

Есента изневери, избрза со студот. Во собата нема ќумбе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Навистина, ќумбето не баботи веќе но уште не е изгаснато.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
СУЛТАНА: Е де. И јас се прашувам. Свари ја таа вода и гаси го ќумбето. Лето е. Ќе се угушам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Пука така ќумбето, прска жарје и целото се поткрева, подрипнува од куршумите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една вечер додека надвор врнеше, во една соба, покрај распаленото ќумбе, неколцина партизани шиеја знамиња.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И кога се скри сонцето, кога се замрачи убаво, војводата го крена ќумбето полно со жарје и со гламни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ќумбето тропа и пука, а војниците бегаат, мислат некоја пеколна машина е фрлена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Легнувам малку на клупата... Има ќумбе до неа... Добро е... Темно е...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Имаше само едно барање: вратата од поголемата просторија да се однесе на почетокот од ходничето за да може топлината од ќумбенцето подеднакво да се шири и околу него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Денот го завршија пред ќумбенцето во просторијата кај Петра, поткаснаа од она што уште го вртеа во торбите, се напија и топол чај, а после Чана ја црпна мајка си и отидоа од другата страна на ѕидот да го дочекат сонот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ќумбенцата кај Петра и кај Роса забуботија гласно, а потоа , низ малите отворчиња за воздух пуштаа толку виделинка колку да можат да си ги најдат леглата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Покрај каминот имаше едно исчукано нафтено ќумбе, едно тенџере и две шолјички за чај што му ги даде на употреба г. Черингтон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајката Перса од задниот дел на градината донесе малечко емајлирано ќумбенце и кога си дојде на своето место веднаш десно до вратата и кога се наполни со дрва, ја наполни одајката со топлина која чиниш доаѓаше директно од срцето на мајката Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пред да се чкрапне сијалицата, темникавоста на одајчето ја бркаше вжештеното отворче на ќумбенцето, Перса и Пелагија во разговор на креветот, а малечката Пела, седната над едниот садак под прозорецот, му зборува на внимателниот Мурџо, малку подалеку од неа, кој чучи на задните нозе и потпрен на предните.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таму ги остави во едно одајче, прибрано, варосано пресно, со гола сијалица на таванот, со ламаринено ќумбенце на средината и со една широка пенџера која гледаше на кај бавчите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Свеќите тој ги палеше, ламбата, ќумбето исто така.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Молиш бога само да не влезе ќумбето од 48–ми спрат, што лесно ќе го препознаеш по златниот ланец од 7 кила, маицата до глуждови, малата алкатраз капа, телото на Кинг–Конг и патиките број 54.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Баба Мара седеше покрај ќумбето завиткана во шал и ги гледаше: „Мајката и најмладото дете да останат тука со мене, а останатите да излезат.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И сѐ ќе биди добро“ му рече со блага насмевка баба Мара на газда Таки гледајќи го во очите, додека тој остана збунет во лицето и немо ја напушти топлата собичка во која се слушаше пуцкањето на дрвата во ќумбето и тропотот на дождот во прозорецот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На ќумбето имаше тенџере од кое се издигнуваше пареа, но се ширеше пријатен мирис.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе