ќостек м.

ќостек (м.)

Да го видиш во оние алишта дебарски само со гајтани, ќостег од срма до рамото, нож и пиштол од сребро, а саат од злато, појас свилен, па на него шамивче свилено пред себе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Грчките четници — андартите — не беа голи и боси како „бугарските“; тие дојдоа испроменети во црни фустани, бели ѕиври, со букви на врвовите, а ќостезите на саатите, крстовите што ги носеа на гушите, ѕвечеа од сребро и злато, подресени со лири, обружени со куси синавери, тие изгледаа вистински евзони како на свадба или на гости да тргнале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По облеката, лицето, брадата и косата, по накитите на рацете, ќостезите и турбанот на главата се гледаше дека е тој висок службеник во палата на султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Му го гледаше само појасот и сребрениот ќостек, закачен за елекот, чистите и нови ѕиври, спуштени во глуждовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Глигор му го закачи со рака ќостекот на Џемал-ага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На срмениот елек му висеше сребрен ќостек14), на кој беше врзан сребрен часовник.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Покрај јадењето, судењето, наложи и парични давачки — „за пашата" — од секое село, покрај оние што и собра есеноска од црквите. Му требаа на пашата бели меџудии да ја подреси уздата на коњот; му требаа лири и половини лири за ќостези на саатите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јадење, пиење, па и по некоја пара вергија од чорбаџиите за алишта, опинци, саати, ќостези.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неговиот дебел, сребрен ќостег, на кој му висеше исто таков сребрен часовник, небаре зборуваа за него тромо и со тага.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Погледна во ќостекот што му беше свадбен подарок и кој сега го мереше времето во неговото одајче, закачен на шајка над неговото зглавје, но во густиот мрак не можеше ништо да види.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Лука Карер застана на градскиот плоштад, веќе по третпат ова мирно неделно попладне барајќи го часовникот на сребреното синџирче што, инаку, го вадеше изведувајќи една прилично сложена операција: најнапред закачувајќи ја рачката од големиот црн чадор на левата рака, потем отворајќи го тешкиот зимски капут, па сакото, за конечно да го извлече ќостекот од малото џепче на елекот со излижани рабови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој долг ќустек, како да беше нејзин составен дел.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)