шумолење ср.

шумолење (ср.)

Кога ти е најтешко, кога ти се чини дека гласот ти е крик, а погледот - молење, загледај се, нурни се во водите сини, ај, во таа свежина, во тоа шумолење.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Потече низ улиците нејасно шумолење на човечки гласови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Трајче ја слушаше птичјата песна, шумолењето на гората и гргорењето на реката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тоа веќе не беше една плашлива капка, тоа беа неброени солзи на снегот, чие паѓање веќе се слеваше во едно оптегнато, слеано шумолење.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што и да работеше, дел од неговото внимание беше свртено кон звуците на планината, кон шумолењето на дождот, настојувајќи од тие звуци да издвои и некој поинаков звук, што ќе го најави доаѓањето на неговите од село.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му се чинеше дека тоа е од доаѓањето на есента, од пријатните жолти бои на коријата, од тихото шумолење на јасиките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во шумолењето лежеше само една реченица - не е јасна но смислата е заканувачка, лоша; тие неколку зборови на секој стар и мртов јазик, тие корени на мисла, на одамнешнината, му ги демнат движењата и стрепењето. Веќе се тресе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не ќе се предадам, шепоти или мисли и чека и другата судбина да го охрабри со нешто од својот живот, настан или име или што и да е, а до неговиот слух, достасува само шумолење на дожд и пак - квичење, потоа тажачка на животно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Освен шумолењето на лисјата, во воздухот се движеа и други ноќни шумови - ут ќе писнеше, еже ќе зашушкаше во сувата трева, осамен стар лисец ќе залаеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како шепотење на трева, како шумолење на гора.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Преку дворот на црквата, продолжуваме по патеката, некогаш улицата што по разурнатото дрвено мовче водеше до предворјето на паркот, па низ падината се стрчуваме во шумичката, меѓу пријатниот самрак од ниските гранки, мовлестите пенушки на соборените тополи и шумолењето на блиската река, место создадено за средношколците љубовници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Ајде“, прошепоти девојчето. Полека трнаа низ ходникот; ги следеше шумолењето на студениот дожд.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во шумолењето на брановите што го исплакнуваа брегот го чу своето име.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Да се посматра себе си во огледало, додека го слуша шумолењето на водата?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Некаде длабоко во себе го чувствуваше шепотливото шумолење на трепетливите лисја од тополите, нивното палаво поигрување со летното ветре откај Осоговските Планини.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ниту врапче да видиш, ниту врана да прелета, ниту црцор, ниту грачење, само шумолење на дождот...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На тоа го потсетуваше само шумолењето на реката која го внесуваше својот здив, низ ширум отворените прозорци на чардакот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Водите удираа првин во стените на едниот рид, потоа во другиот, од што постојано се слушаше некакво чудно шумолење, некаков потаен говор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој свиок, веднаш ќе видиме, ќе донесе промена во дескрипцијата: „Водите удираа првин во стените од едниот рид, потоа во другиот, од што постојано се слушаше некакво чудно шумолење...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да, заборавивив да спомнам: поигрувањето на прстите ме потсети и на она предупредувачко лулање на гранките и одвај чујното шумолење на лисјата но на онаа надворешна редица дрва во честарот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе