шумарство ср.

шумарство (ср.)

ЈАКОВ: Тогаш одам кај министерот за шумарство, затоа што доаѓам од кај министерот за сообраќај. (Пауза.) Го заврши епот?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А да не зборуваме колкава е ползата од птиците во земјоделството, во овоштарството и шумарството.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Имено, додека ЗИТ (1985) предвидуваше инспекцијата да се врши најмалку еднаш годишно кај сите организации и работодавци (чл. 10), во 1997 година е прецизирано дека овој рок се однесува на работодавците во областа на индустријата, трговијата, градежништвото, земјоделството, шумарството, сообраќајот, комуналните дејности, занаетчиството, угостителството и во училишните и факултетските работилници и лаборатории за практична настава.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
6.  Одлука за престанување на работењето на водостопанството, донесува Владата на РМ, по предлог на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – во законски предвидени случаи (в. чл. 112, ЗВ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На Факултетот за земјоделство и шумарство (еми не студирав книжевност), во трета година, преку лето одевме на пракса.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)