шоп (м.)

Негувана кожа, дискретен фри шоп мирис. Полн пансион. Плукни залепи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Софиските келнери веќе ги распознаваат нашите туристи токму по шампанското и ...по шопската салата. Но и по големите бакшиши.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Кој го зеде јатаганот? - Јордан Шоп, кој друг. Под гуња му е.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јордан Шоп не се согласи: „Тогаш качи се на ридон и види кој се кикоти, кому му се јаде варена пченица над туѓ гроб.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Околу осум часот, додека го чекав Дагларбеј да ме земе, се шеткав во фоајето со рацете одзади, загледував по излозите на богатите шопови во ентериерот и минував меѓу господата со пеперутки машни и дамите во блескава облека и скапи парфеми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но ете, бадијала им се на овдешните балкони сите шопски и жолти на овој свет кога ја немаат онаа основна карактеристика заради која древниот прачовек го измислил првиот балкон...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Некои се бајаги грди, а некои пак се толку примамливи што веднаш се проектираш себеси на нив, опкружен со имагинарна шопска и небесно ладна жолта.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Фала му на Бога што ги отворија овие кинескиве шопови, па ламби столни имаш колку сакаш за ич пари да купиш, ама нов фустан и штикли, кошула за овој и, да, чорапи доколенки... не ќе оди во гети, па кога ќе задигне ногавицата на панталоните сите сватови да посакаат на депилација да го носат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Е, ај кажи како се прави шопска салата!“ И им кажав. Ако е за гости, ги прашуваш дали јадат кромид, дали јадат луто... и го сечеш патлиџанот на коцки, ставаш краставица, пиперка, кромид на кругови и сирењето на ситно го рендаш... И тоа...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)