шаховски прид.

шаховски (прид.)

По презривите погледи на шаховската толпа, се тетеравам, на работ од бездната, се наведнувам, паѓам, дрвена фигура, испадната од играта.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се сетив дека татко ми забранува да ја удирам зашто е помала од мене цели пет години и зашто сум силен, па би можел не сакајќи да ја повредам, и, токму кога сакав да ја пуштам, таа срипа и со нога ги растури сите фигури од шаховската табла.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Шаховската партија е многу пластична работа. Таа се конструира. Тоа е механичка скулптура: со шахот се создаваат убави проблеми, а таа убавина се создава и со главата и со рацете.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во сајберсветот ќе се натпреваруваш, ќе имаш љубовни врски, размени, шаховски игри, разговори, истражувачки проекти, ќе скијаш на кој рид сакаш, со сите оние прекрасни луѓе, и секој сѐ повеќе и повеќе ќе комуницира со помош на тој глобален јазик на икони. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 89
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Веројатно не би погрешиле ако импровизирањето на фуга во шест гласа го споредиме со шаховска симултанка со шеесет противника, под услов да се извојува победа во сите шеесет партии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Да замислиме дека големата кутија во која е ДЛА, е приклучена на позитивен електричен полнеж, и да го замислиме оригиналот, нашата кралица од центарот на шаховската табла, приклучена на нулти напон.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога ќе ја добијам првата плата, ќе си купам ламба, една убава од месинг, а кога ќе заштедам доволно, ќе си купам и кревет од месинг и една од тие масички со дезен на шаховска табла, знаеш тие со коцки од различни бои дрво, како и неколку килимчиња, и потоа ќе ги поканам на вечера него и жена му; никогаш не би можел да поканиш некого на вечера во куќата на Мајкл зашто таму никој не ги мие садовите и нема ништо друго освен Боб Марли постери и нечистотија и напади на врескање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само нивните извршители, со чорапа на глава, со ножот в заби, под ознаката на тигар, мртовечка глава, црни и бели птичишта, оцила, шаховски табли, полумесечини, кружат низ територијата на јужнословенските стада и го земаат својот секојдневен данок во крв, пари и недвижнини.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На нивната маса имаше една шаховска табла, со поставени фигури, но без започната игра.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден келнер, повторно неповикан, ја донесе таблата за шах и најновото издание на „ Тајмс“, отворен и свиткан преку половината на страницата со шаховскиот проблем.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Шаховската табла секогаш го чекаше, неговата маса во аголот беше секогаш резервирана; дури и кога местото беше полно, тој седеше сам покрај неа, затоа што никој не сакаше да биде виден како седи блиску до него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Може да биде шаховска па дури и билјард маса. Но сега е најобична зелена пинг-понг маса.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Шаховските известувачи, во куси реченици, констатираа дека тој не може да ја постигне својата форма, почнува доста добро, но брзо се заморува, расипува и добиени позиции и нема сили да го издржи финишот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Турнирите се држат обично по летувалиштата или бањи, по убави места што изненадуваат со својата свежест и пријатност, како и со едно концентрисано животно обилие, на кое и младиот шаховски избраник почнува некако внатрешно да полага право, иако допирот до него му го обезбедуваат туѓи средства.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оние со кои сега се среќава се сите млади луѓе, некои скоро дечишта, гимназисти, безгрижни и наметливи, иронични спрема него дека не може да ја совлада слабоста да се прави важен, а тие го надминуваат и го оставаат назад во шаховската трка, претставници на една нова генерација.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како можел да гледа од високо, како на шаховска табла, да го види распоредот на силите на нештата?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дипломатија како на шаховска табла, со прецизна функција на секоја фигура! Со длабоко обмислени, стратегиски потези, без чести дамини- гамбити! Вистинска школа!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На имагинарното стратегиско шаховско поле на судбината како да беа само двајца противници - Кисинџер и Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред илјади години, според кинеската историја, војсководци со фигури-војници, борни коли спорот го решаваа на минијатурно бојно поле, како на шаховска табла.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Станував незадоволна и со веќе испробана тактика, опсесивно ја напипував сериозната замисленост, овој пат некако смирено и шаховски јасно.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Повеќе