чистка ж.

чистка (ж.)

Големите чистки во кои беа опфатени илјадници луѓе, со јавни судења на предавниците и на мислопрестапниците кои ги признаваа своите подмолни престапи, а потоа беа егзекутирани, беа специјални претстави што не се случуваа почесто од еднаш во неколку години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И двајцата мора да биле проголтани во една од првите големи чистки од „педесеттите.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или, можеби - што беше најверојатно од се - работата се случила затоа што чистките и испарувањата беа составен дел од механизмот на владеењето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гнидите политички го рушеа крстот а потоа правеа невиден прогон се сметаа себеси за посебна врста на градите имаа масонско лого Друштво им правеше куртизанка млада висока стројна ја викале Рада ја стискаа сите за бујната града го калеше стажот во странска амбасада Дојде време за конечна битка и одмазда на тие разбојници зли време за крвава масовна чистка за сите животи што страдаа од нив
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сега како да му се смалуваше милитантноста во однос на брзата чистка и пресметка со опасните турцизми, за која претходно се залагаше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)