четник м.

четник (м.)

По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
До еден со доблест станаа жртви на храбриот Дичо четниците горди; и ранети тука, па дури и мртви, насилија трпат од турските орди.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Со сигурност знам дека кон македонските националисти се придружија и македонските револуционери Димитар Мирасчиев, војводата, и четникот Јордан Ангелов.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За убиените четници не кажуваа: “Убиени се толку души Македонци, ами толку души Бугари”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Браво, бре, ово је баш делија ... Него шта, не може свака рѓа да буде четник...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Тоа го направи и Јовановиот четник Брајан од Жиово, та стана капиданис Брајанис и ги одведе андартите во своето село Жиово да го изгорат, а сам со својата рака му ја пресече главата со секира на својот роден стрико „Бугаринот" Петка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грчките четници — андартите — не беа голи и боси како „бугарските“; тие дојдоа испроменети во црни фустани, бели ѕиври, со букви на врвовите, а ќостезите на саатите, крстовите што ги носеа на гушите, ѕвечеа од сребро и злато, подресени со лири, обружени со куси синавери, тие изгледаа вистински евзони како на свадба или на гости да тргнале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грците, поправо грчките четници — андарите и нивните архиготи и капидани, пораснаа во очите на заспаните селани и кои почнаа масовно да се навалаат на страна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еве, четниците пукаат, истрелите се доближуваат, ќе ги фатат децата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа почнуваат чудата - Борис излегол партизан, син му на Елисие, долгоногиот Мино, му ја запалил куќата и отишол во четниците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
— Добредошол, добредошол! — повикаа сите четници и се избакнаа со новиот другар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога беше во друго село, требаше некоја да ја замени и Марија и Ќосото, кого почна да го распоредува на конак со другите четници, а не со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А за тоа, за да бидат српските војници толку погани со жителите на Потковицата, имаа посебни и нерасчитени сметки уште од времето кога српските четници, оние на војводите Јован Бабунски и на Вангела Скопјанчето токму овдека, во Потковицата, беа претепани и понижени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но како на Акиноските им претстоеше целосно истребување, во 1013-та, враќајќи се од бојот во Битолско, српските четници, оние на Бабунски и Трбиќа, ги исклаа сите возразни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога во 1913-та српските четници ги исклаа повеќето возрасни од Акиноските, и тие, и Акиноските, за да се заштитат некако, се изделија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Четниците, кога ги бараат непријателските јатаци, не тропаат полека и не извикуваат тивко, туку ќе ја искршат вратата и ти, уште нерасонет, ќе ја почувствуваш студената кама под грло.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се навикнав на тоа Швеѓаните да ми зборуваат дека нашите гастербајтери чуваат свињи во купатилата, Германците за валканите клозети и мрзеливите келнери на Јадранското Море, се навикнав Парижаните да ми зборуваат за југо-мафијата, а Лондонците за „усташите“ и „четниците“, трепетот на цивилизираната Европа...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По потреба на авторитарната „цел” (под наводници, бидејќи целта подразбира некоја историска efficiency, а авторитаризмот е оксиморон кој гласи: биолошко владеење на смртта) можете да бидете ту антифашист, ту фашист, час интернационалист, час националист, час хуманист, час шовен и воен хушкач, час комунист, дури усташа или четник.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Всушност беше малку заостанат, во почетокот на војната го излажале, отишол во четници.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Повеќе