честита (несв.)

Ех, што е така, сега можам да ти честитам свршувачката. Ајде,нека ти е со среќа! Твој касмет била.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Петре замина, но бидејќи неговата куќа беше поблизу од поповата, се врати прво кај него и им го честита Велигден на неговите дечиња, преполувајќи ги поскурите и јајцата од торбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој го извади ќесето, и бидејќи Бисера беше ја разврзала бовчата и ја извадила кошулата, попот фрли и на неа една франга и честита родителски.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се поздрави со Стоја и со Трајка, им ја честита новата снаа и, по обичајот, си го зеде пагурчето од камарчето над оганот. (Да му се најде нешто в раце: Невела е да седи човека празен на радост или жалост, „господ да чува!“)
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ха, стар шегаџија, вели. Честитам, смешен си.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Честитам, ме расплака, му вели Данче на трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
МЕТОДИ: (Пред да излезе, се врти кон Луков.) Кога ќе дојде Младичот, честитајте му и од мене. Беше сјаен.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На крајот многу раце се протегаат за да му честитаат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Балонов ти го испраќа тетка ти и ти го честита роденденот, - рече баба му читајќи го писмото.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сите треба да одиме кај валијата16) и да му го честитаме родениот ден на султанот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А потоа се сврте и кон нас: - Ви честитам. Вие најмногу придонесовте за ова...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Браво, јунаци! - рече комесарот и им честита.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Смрт на фашизмот! - слобода на народот! Комесарот му пристапи и му честита.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Внатре најдоа писмо. Горјан го отвори и во него пишуваше: „Горјане, прво да ти честитам на изумот. Писмото го добив.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Последен излезе и бапна во вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади од затворот и им ги спаси животите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе попасат овците додека честиташ ти бајрам на бегот и ќе враќаш назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дојди си в село. Те бараат луѓето да те видат, да ти честитаат за иконостасот, за твоето мајсторство...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
СОЊА: Со тие раце ти направи и нешто друго. БОРИС: Тоа го платив и преплатив. Ти двапати годишно проверуваше дали сум жив и ми честиташе на упорноста.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Се измочав без да ме боли. (Пауза) Не ми честиташ? (Пауза) Светот е завидлив на туѓи успеси. (Пауза) Тебе ти е сето ова просто, нели? (Пауза) Јас сум за тебе прост?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ајде да си честитаме!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе