чекај чест.
чека несв.

чекај (чест.)

Ете лели со инаетлак татко ми ме фати, чекај да ме види што маж сум јас.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
МАНОИЛ: И ти Темјано. Оди во спалната! Таму ме чекај. Не ми е ништо…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
А, чекај, дај ми го и јорганот!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Чекајте додека викнам полиција.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чекај, Досто, да те вида, чекај, јагне, да ти се нагледам! — рече замајано и како за себе почна да си зборува, кревајќи ја главата кон таванот на земникот: — Е, е, е, сполај ми ти бре, боженце, кога и јас челад су ти бил, кога и за мене дел си одделил! — и ја гледа право во лицето и ја држи за раменици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овој почна да борави во ќесенцето, но Илко го задржа: — Чекај, вели, — чекај, дедо Петко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога ѝ рече на Нешка — „Ајде, ајде и ти барај ерген" — таа не ѝ остана должна, ами ѝ врати со истата мера и подбишега: — Е, чекај, стрино, да а видиме Ѓуца твоа, па после ние.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ама чекај, - викаше Бошко, - не е тоа толку лесно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сите права, чекај. Ќе чека, мислев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Бегај. И чекај ме на улица.“ Полека, несигурно потпирајќи се од маса на маса, се заниша кон неочекувано сосем далечната и недостижна врата. *
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Крчмарот се повлекуваше и тој уште повеќе се исклешти. „Чекај... Каде? Сакам да платам.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Напиши му ти вака - волчиште грабливо... - Чекај, немој волк, се буни првиот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чекај да скокнам, белки господ затоа ми ги свртел очите на таа страна. Те донесов, право е - чинев, мртов си.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По стеблото симни се и жилав заврзи корен да му бидеш Врв да ти биде Не чекај!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Симни се долу Дно да му станеш Крв да ти стане Не чекај !
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Чекај, мислеше, чекај. Треба да се најде коренот на ова зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А итрата лисица сѐ по неговите траги газела. Е чекај, ќе видиме, итрице!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Спушти ја завесата прв чинот на својата комедија и стрпливо чекај го крајот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Е чекај, ќе видиме дали ќе го фати.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
За час се прибра и одвај чујно, уморно му рече: - Не чекај ме, Драгане! Оди си, те молам.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе