цртање ср.

цртање (ср.)

Професорот по цртање одеше помеѓу клупите од еден на друг, нѐ влечеше за коси, сееше со прстите нешто невидливо и се лутеше. - Што, ова да е кралот? Дибеци едни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој беше екстравагантно облечен. Со некаков качкет, сиот брадосан, со една торба, веројатно со реквизити за цртање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го прашав има ли меѓу нив и некој Македонец. Тој ми покажа едно слабуникаво брадесто момче, малку наднаведнато, кое под мишка носеше блок за цртање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Делумно до ова стигнав со цртање во истата димензија во која делото ќе биде репродуцирано.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веќе не можев да пристапам кон случајно цртање или сликање, нанесување на боја.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
При крајот на неговиот живот детскиот начин на цртање стана репрезент на детскиот ум и мисловен процес, кој сè повеќе навлегувал во неговата свест, а истовремено стана главен фактор на неговото отуѓување од останатиот свет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Веќе во медицинското училиште открија дека има дарба за цртање...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Учениците таму учат за специфични фонтови и како да ги користат, но наставниот план не вклучува и цртање на истите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од малечок зема часови по цртање.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ќе му помага во цртањето на патот на кој само смелоста вирее! Дури и ќе му позавиди!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Правење на такви шарки зафаќа многу време на часовите по цртање.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Моето пријателство со Сара Ауербах започна неколку месеци откако престанаа часовите по цртање во дворот на куќата на нејзиното семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми ја беше запомнил мојата желба, и една недела подоцна ми кажа дека во куќата на еден од неговите професори доаѓа сликар кој таму држел бесплатни часови по цртање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бидејќи доктор Ауербах верувал дека блискоста со другите деца ќе му помогне на Рајнер, тој во својот дом му овозможил на Фридрих Рихтер да им држи часови по цртање на децата на професорите на Медицинскиот факултет, кои биле на возраст на неговиот син.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Забележав триесетина млади луѓе кои, наведнати над големите маси за цртање, дури ни со поглед не ме удостоија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така, многумина се покажаа дека поседуваат талент за цртање, за што добиваа и високи оценки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)