црно-бел прид.

црно-бел (прид.)

Отворено е широко поле за активност на сите уметници, отворени се сите благородни извори на инспирација, а ти од нив црпиш само фантомски измислици, надуени, пасквили, црно-бели плакати, памфлети, алегории, макар и со лични имиња. Така може секој, така знаат сите!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Фигурите тропаат, судирајќи се – коњот со кралицата, топот со пионот, во испрекинатиот од по црно-белата табла.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Од малиот телевизор, мал колку голема кутија за кибрит, инсталиран над умивалникот, рамномерно капеа неразбирливи црно-бели сликички.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа се состои се од 100 идентични сиви метални рамки во кои беа сместени околу 400 црно-бели фотографии и фотокопии како и три брилијантно колорирани монохромни плочи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Гледајте - или остатокот од животот ќе го минете како лошо платен статист во туѓ нискобуџетен црно-бел документарец, или ќе станете продуцент на својот сопствен филм. Ќе го режирате, ќе напишете сценарио, ќе поделите улоги, ќе одберете место за снимање на најголемиот реалистичен филм било кога направен“.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Она што возбудуваше во целата таа работа (а јас подоцна го најдов во една француска книга на еден познат антрополог, што ја купив во Париз, при едно гостување на циркусот), е што партијата на Луција нѐ врати назад, на едно порано еволутивно општествено скалило: во добата на примитивните, со транс и еуфорија опседнати општества, таканаречени дар-мар општества, каде основни форми на општествената комуникација се маската и трансот; пред тоа живеевме во таканаречено општество со книговодство, во кои мимикријата, маскирањето и занесот исчезнуваат (затоа комунизмот беше помалку жив, одвратно немагичен и црно-бел по однос на општеството што го градеше партијата на Луција) и се повлекуваат пред компромисот меѓу наследството и способноста, кои се два основни фактора што ја определуваат иднината на единката во тие општества.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Првата вест е за синоќешниот голем протестен митинг на синдикатите на Македонија... место на настанот... плоштадот... во срцето на Скопје... на снимката од синоќа многу луѓе викаат, меѓу нив и новинарката преминот од колор-стварноста во црно-белиот филм се случува кога новинарката, привршувајќи го својот гласен прилог, е поклопена од уште посилниот глас на еден од демонстрантите: Уа владааа!...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Македонскиот дел од пеколот- црно-бел филм за партизански одред лоциран таму ле мајко, близу Битола.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Марие и Роза ѝ раскажуваа на Паулина што гледаат на фотографиите, а Паулина потпрашуваше, минуваше со прстите по мазната црно-бела површина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Секој миг постојано ги разместувам, така што формираат дополнително шаренило врз црно-белиот стереотип, на дрвената табла.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)